Суарез: Ќе играм само ако сум 100% подготвен

Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Уругвај, Луис Суарез, потврди дека ќе биде во комбинација за вториот натпревар од групната фаза, дуелот против Англија, само доколку е 100% подготвен за игра.

„Сакам да им помогнам на моите соиграчи и на дуелот против Костарика, сакав да влезам во игра од клупата за резервни фудбалери. Сепак, подобро што останав на клупата, моето колено немаше да го издржи тој напор, не бев целосно подготвен за игра. Точно дека во еден момент помислив дека ќе го пропуштам Мундијалот во Бразил. Работев напорно во изминатите неколку недели, не пропуштив ниту еден третман. Ако играм против репрезентацијата на Англија, тоа ќе значи дека сум 100% поготвен за игра, тоа ќе значи дека немам никаква болка во коленото”, изјави бомбардерот на Ливерпул.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.