Суарез ќе се обиде да ја скине и мрежата на Сити

Денеска ќе се одиграат сите натпревари од вонредното 18. коло од англиската Премиер лига, а убедливо најголемо внимание ќе привлече пресметката помеѓу директните ривали за шампионската титула, тимовите на Манчестер Сити и Ливерпул.

Менаџерот на “граѓаните”, Мануел Пелегрини, пред стартот на натпреварот изјави дека нема подготвено некоја специјална тактика со која ќе биде лимитиран ефектот на моментално најдобриот фудбалер на Островот, уругвајскиот интернационалец, Луис Суарез.

„Нема такво нешто, немам специјален план. Суарез е во топ форма, но ние нема да го смениме нашиот стил на игра. Суарез од секогаш е добар напаѓач, но Ливерпул не е само еден фудбалер, Ливерпул има фантастичен тим. Очекувам тежок натпревар, но се надевам дека ќе ја продолжиме победничката серија на домашен терен”, изјави Пелегрини.
Денеска на програмата: Хул – Манчестер Ј., Астон Вила – Кристал Палас, Кардиф – Саутемптон, Челзи – Свонси, Евертон – Сандерленд, Њукасл – Стоук, Норвич – Фулам, Тотенхем – ВБА, Вест Хем – Арсенал, Манчестер С. – Ливерпул.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.