Бразил2014,Спорт

Суарез ќе тренира и игра во Косово

Суарез ќе тренира и игра во Косово

Спортскиот директор на косовскиот фудбалски клуб Хајвалија, Џавит Паколи, е во центартот на фудбалското внимание со сензационалната изјава дека испратил понуда до контроверзниот репрезентативец на Уругвај, Луис Суарез.

Паколи, потврди дека е испратена понуда до Суарез, на кого му е понудена плата од 1.500 евра неделно, како и дека е подготвена сума од 30.000 евра како отштета до Ливерпул за тримесечна позајмица на Уругваецот (што ќе трае од почетокот на август до крајот на октомври).

„Суарез не може да игра никаде во следните четири месеци. Ние не сме дел од ФИФА, па можеме да го прифатиме во нашиот клуб и да игра во нашата земја. Сумата што ја понудивме можеби ќе делува смешно за Суарез и за Ливерпул, но тоа е максимум што можеме да си дозволиме во моментов. Кога тој би прифатил да дојде и да игра за нас, би било прекрасно за сите“, изјави Паколи.

Оваа понуда би требало да биде интересна и за Суарез затоа што забраната на ФИФА не се однесува и на оваа земја, чија фудбалска федерација се уште не е примена во светската куќа на фудбалот.