Спорт

Суарез најдобар фудбалер во Англија

Суарез најдобар фудбалер во Англија

Сосема заслужено, уругвајскиот интернационалец од редовите на Ливерпул, Луис Суарез се закити со престижната награда “Најдобар фудбалер во англиската Премиер лига”.

Брзоногиот напаѓач е најзаслужен за одличните резултати на Ливерпул во актуелната сезона и благодарение на неговите погодоци, популарните “црвени” од “Енфилд” се лидери на првенствената табела и имаат реални шанси да ја освојат шампионската титула.

„Секогаш го давам максимумот за тимот, горд сум на оваа награда, но ова всушност е награда за моите соиграчи бидејќи без нивната помош немаше да стигнам до големото признание“ , изјави Суарез.

Белгискиот интернационалец од редовите на Челзи, Еден Азард пак се заикити со престижната награда “Најдобар малд фудбалер во англиската Премиер лига”.

Крилниот напаѓач на лондонските “сини” заврши пред триото на Ливерпул, Стариџ-Стирлинг-Хебдерсон.
ТИМ НА СЕЗОНАТА 2013/2014: Петр Чех (Челси), Симус Колмен (Евертон), Лук Шоу (Саутепмтон), Гери Кејхил (Челси), Винсент Компани (Ман. сити), Адам Лалана (Саутемптон), Стивен Џерард (Ливерпул), Јаја Туре (Ман. сити), Еден Азар (Челзи), Луис Суарез (Ливерпул), Даниел Стариџ (Ливерпул).