Суарез најверојарно ќе биде подготвен за игра

Репрезентативниот доктор на националниот тим на Уругвај, Алберто Пан, потврди дека напаѓачот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Луис Суарез одлично се рехабилитира после незгодата операција која ја имаше врз повреденото колено, но неговиот настап на престојниот Мундијал во Бразил се уште е под знак прашалник.

„Во овој момент можам да кажам дека не се загубени сите шанси, Суарез најверојантно ќе настапи на престојниот Мундијал. Не сакам да ризикувам со некакви дати, не можам точно да кажам кога ќе се врати на фудбалскиот терен. Не можам да кажам точни бројки. Можам да кажам дека се е во ред со рехабилитацијата, се одвива според планираното темпо. Луис може да настапи и во групната фаза, Луис е позитивно расположен и се чуствува се подобро и подобро”, изјави Пан.

Бомбардерот на англискиот клуб сигурно ќе го пропушти првиот натпревар од групната фаза, дуелот против Костарика, но најверојатно ќе биде во комбинација за следните два дуела против селекциите на Италија и Англија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.