Суарез не сака да зборува за шампионска титула

Најголемата ѕвезда во дресот на Ливерпул, Луис Суарез, изјави дека е премногу рано за да се збори за можната шампионска титула во англиската Премиер лига.

Репрезентативецот на Уругвај со 16 погодоци е прв стрелец во Премиер лигата, а неговиот тим е моментално второпласиран со 33 бода и има два помалку од актуелниот лидер Арсенал.

„Мислам дека е премногу рано за да збориме за шампионската титула. Ако продолжиме со истиот побединички ритам и во следните две, три недели, тогаш можеме да збориме за шампионската титула или за пласман во Лигата на шампиони. Најважно од се е да се фокусираме само на следниот натпревар. Прво играме против Кардиф, а потоа имаме неколку важни натпревари, прво против Сити, а потоа против Челзи”, изјави Суарез.