Суарез немаше милост за Англија

Многу блиску до уште една срамна елиминација се репрезентативците на Англија кои повторно ја почуствуваа горчината на поразот, но сега откако заврши дуелот против директниот ривал за првите две позиции во групата “Д”, селекцијата на Уругвај.

Не само што стисна заби, најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Уругвај, Луис Суарез, кој се врати на зелениот терен по пауза од еден месец, се покажа како вистински кошмар за англиските дефанзивци, а маестралната паритија ја круниса со два погодока.

Иако по трет пат е дел од најважниот фудбалски самит, репрезентативецот на Англија, Вејн Руни најпосле го постигна својот прв мундијалски погодок, кој најверојатно ќе нема никакво значење на крајот од групната фаза кој ќе биде последна станица на „Гордиот Албион.“

“Не знам како размислуваат челниците во Фудбалската федерација на Англија, но јас нема да поднесам оставка. Не чуствувам таква потреба за да поднесам оставка. Јас сум задоволен од играта на моите фудбалери, дадоа се од себе. Имавме потреба од позитивен резултат, но на крајот не освоивме ниту еден бод. Шансите за пласман во следната рунда се сведени на теорија”, изјави по натпреварот селекторот на Англија, Рои Хоџсон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.