Суарез подготвен за мундијалскиот предизвик

Бомбардерот на Ливерпул и најголема ѕвезда во репрезентативниот дрес на Уругвај, Луис Суарез е убеден дека ќе се рехабилитира од последната повреда и дека ќе биде дел од престојниот Мундијал во Бразил.

Брзоногиот напаѓач го повреди коленото пред две недели, а по извршениот хируршки зафат, репрезентативниот доктор на Уругвај не даде точна информација кога Суарез ќе се врати на фудбалскиот терен и дали ќе забележи настап во групната фаза.

“Се чуствувам одлично, тука мислам и емоционално и психички. Во ниту еден момент не почуствував никаков притисок, не бев тажен во ниту еден момент. Бев убеден дека ќе настапам на Мундијалот во Бразил. Ме болеше, пуштив и некоја солза, но бев убеден дека ќе и помогнам на мојата репрезентација. Не знам дали ќе бидам подготвен за првиот натпревар во групната фаза. Не знам како ќе реагира моето колено пред дуелот протв селекцијата на Костарика. Можам да кажам дека се ќе биде во ред, дека ќе играм, но можам да кажам и дека е подобро да бидам подготвен за вториот или третиот натпревар во групната фаза. Прво да видам како ќе реагира моето колено”, изјави Суарез.