Спорт

Суарез повторно во репрезентативниот состав

Суарез повторно во репрезентативниот состав

Уругваецот Луис Суарез е меѓу 29-те фудбалски репрезентативци кои што му се на располагање на предводникот на својата национална селекција.

Тимот на Уругвај се подготвува за натпреварите против Саудиска Арабија и со Оман.

Медиумите тврдат дека селекторот на репрезентацијата, Оскар Табарез, е со желба и Суарез да настапи во овие двоби.

Поради тоа што го гризна грбот на Серџо Киелини во натпреварот со Италија на Светското фудбалско првенство во Бразил, ФИФА го почести Уругваецот со одмор на девет меѓународни дуели со клубот и со репрезентацијата.

Како и да е, дозволено му беше да тренира и да се подготвува за учество во шпанското фудбалско првенство.

Со ова, деби настапот во Шпанија за Суарез би можел да биде „ел-класико“ дуелот против Реал Мадрид.