Суарез призна дека го гризнал Киелини

Откако поминаа шест дена од срамниот инцидент, репрезентативецот на Уругвај, Луис Суарез, собра храброст за да јавно признае дека го гризнал репрезентативецот на Италија, Џорџо Киелини. Освен што го призна срамното дело, напаѓачот јавно му се извини на Киелини и се извини на фудбалската јавнот и вети дека никогаш повеќе нема да се повтори ваквиот инцидент.

„Откако минав неколку дена дома со своите најблиски, имав можност да се смирам и реално да се осврнам на она што се случуваше на нашиот натпревар против Италија одигран на 24 јуни 2014 година. Без оглед на контрадикторните изјави што се појавија во јавноста во изминатите денови, се со цел да не ја нарушам атмосферата во мојата репрезентација, сакам да кажам дека вистината е дека мојот колега Џорџо Кјелини беше гризнат од моја страна по еден наш меѓусебен дуел. Затоа: Искрено жалам за се што се случи. Му се извинувам на Џорџо Кјелини и на целокупното фудбалско семејство. Јавно ветувам дека никогаш во иднина нема да ми се повтори ваков инцидент. Монтевидео, 30 јуни 2014″, напиша Суарез на својот официјален профил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.