Суарез: Сонував како и давам гол на Англија

Најзаслужниот за минималната победа која репрезентацијата на Уругвај ја забележа во дуелот против селекцијата на Англија, стрелецот на двата погодока, Луис Суарез, по натпреварот изјави дека ги сонувал овие погодоци кои се најдобар одговор за сите критики кои англиските медиуми ги имаат упатено на неговата адреса.
“Ги сонував овие голови. Многу патевме, но ете победивме, а на крајот тоа се смета. Сега имаме сериозен предизвик. Играме против Италија, а тоа ќе биде еден потежок натпревар”, изјави бомбардерот на Ливерпул.
Веднаш откако беше пренесена изјавата на Суарез, англиските медиуми ја пласираа шпекулацијата дека репрезентативецот на Уругвај сигурно ќе си замине од “Енфилд” за време на летниот преоден рок и најверијатно, во новата клупска сезона или ќе игра за Барселона или за Реал (М).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.