Субвенции за 2.500 лозари од Неготино и Демир Капија

Околу 2.500 лозари од Неготино и Демир Капија добија субвенции за одржување на лозови насади.

За ова информираше денеска Ѓорѓи Ајтов, раководител на подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино, пренесе МИА.

Субвенции за 2.500 лозари од Неготино и Демир Капија
Субвенции за 2.500 лозари од Неготино и Демир Капија

Лозаропроизводителите добија по 4 илјади денари за декар лозов насад. Исто така се врши и исплата на субвенциите за житарици и крупен добиток за 2015 година, соопшти Ајтов.

Годинава околу 4.300 земјоделци од Неготино и Демир Капија ќе добијат субвенции

Тој појасни дека останатите лозаропроизводители кои аплицирале за субвенции, финансиските средства  ќе ги добијат во текот на овој месец,  до крајот на годината.

На име  субвенции за 2015 година,  финансии  во висина од околу 5.000.000 евра  ќе им бидат исплатени на близу 4.300 земјоделци од општините Неготино и Демир Капија, додаде Ајтов.

Истовремено, информираше тој, по 20 проценти плус, линеарно за сите мерки за субвенционирање, добиваат сите регистрирани земјоделци за 2014 година.