Субвенции за 606 граѓани за купени сончеви колектори

Преку јавно извлекување денеска Министерството за економија избра 606 граѓани кои ќе добијат субвенции за купени сончеви колектори. За субвенционирањето се наменети шест милиони денари.

За државна помош во износ од 30 проценти за инсталација на овој вид обновлива енергија барања доставија 2.000 граѓани.

– Оваа субвенција изнесува 30 отсто од вкупната инвестиција, но не повеќе од 300 евра по домаќинство. Ова е шести пат на извлекување што значи дека од досегашниот период ваква субвенција добиле 2.415 семејства во Република Македонија, изјави Виолета Каскарова од Министерството за економија.

Анализите покажуваат дека едно семејство кое што има вграден соларен термален колектор на годишно ниво може да заштеди 2.400 киловат-часа електрична енергија, односно околу 13.000 денари.

Јавниот повик за државната помош за купен и вграден соларен колектор беше распишан на 24 јануари и траеше до 31 мај 2014.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.