Субвенции за плаќање струја за 10 илјади семејства

Примателите на социјална помош ќе бидат субвенционирани за плаќање електрична енергија.

Станува збор за 10 илјади семејства приматели на социјална помош.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска изјави дека за ова во програмата се планирани 81 милион денари.

– Во јуни 2015 година паричната помош за оваа намена ќе изнесува 700 денари, а од јули зголемувањето ќе биде 800 денари, изјави Спасов по пуштањето во употреба на детската градинка во Истибање.

Во делот на специјализација на кадри за работа со деца со аутизам и пречки во развојот, Спасов најави обуки за вработените и нов начин на категоризација на децата.

– Во соработка со УНИЦЕФ ќе се воведе нов начин на категоризација на децата со аутизам и пречки во развојот. Ќе се организира и нова обука за вработените лица во дневните центри за деца со аутизам и пречки во развојот во соработка со Универзитетот од Колумбија, со цел да се добие во квалитет во работата со овие деца, рече Спасов.