вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 61

Субвенции за складирање на пченица

Финансиската поддршка за складирање на пченицата за покривање на дел од трошоците се однесува за период од 2 до 6 месеци.

pcenica

Последни вести

Земјоделците кои сакаат да ја продаваат пченицата кога ќе постигне повисока цена на пазарот дотогаш можат да добиваат субвенции за дел од трошоците за складирање. Чувањето на родот можат да го направат во сите силоси со кои ќе склучат договори.

Финансиската поддршка за складирање на пченицата за покривање на дел од трошоците се однесува за период од 2 до 6 месеци.

Корисници можат да бидат земјоделци кои претходно имаат поднесено барање за субвенции за пченицата, договор за складирање, и имаат платено 20 проценти од трошоците.

Субвенцијата е 80 отсто од износот  за складирањето или најмногу до 60 денари по тон за еден месец.

Земјоделците за финансиската поддршка треба секој втор месец  да поднесуваат барања до платежната Агенција, а Агенцијата ќе ги исплаќа секој 60 дена.

Најчитани вести