сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 30

Субвенции за весниците: Груевски најави помош за печатените медиуми

vesnici

Последни вести

Оваа влада ќе им помогне на весниците да опстанат во време во кое што таму каде немаат поддршка од државата, се потешко опстануваат, порача на вечерашниот митинг во Кичево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-За прв пат ќе воведеме субвенции за весниците. Со обзир на тоа што интернетот пенетрира, порталите се повеќе добиваат на тежина и значење, весниците се потешко преживуваат. По теркот на истото во Германија, Франција или други држави, каде што државата ги субвенционира весниците за да опстанат. Владата од 2018-та година ќе воведе субвенционирање на весниците по еден правичен критериум кој дополнително ќе биде објавен, рече Груевски.

Тоа ќе го направи владата која, како што нагласи Груевски, “некој ја нарекува недемократска и дека незнам ги гушела медиумите“.

-Оваа влада ќе им помогне на весниците да опстанат во време во кое што таму каде немаат поддршка од државата, се потешко опстануваат, рече Груевски.

Најчитани вести