недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 25

Со субвенционирање на греење на пелети загаденоста на воздухот може да се намали за 17 пати

Количината на ПМ1 честичките што се ослободува при согорувањето на пелети кои се користат за греење во домаќинствата е седумнаесет пати помала од количината на овие честички што се ослободува од согорување на огревно дрво во стар котел на дрва.

peleti

Последни вести

Надлежните министерства утврдиле дека најмасовното загадување, покрај од индустриските капацитети и автомобилите, доаѓа од печките на дрва, со кои се затоплуваат над 400 000 домаќинства во државава, пишува Вест.

Едно домаќинство во Македонија, кое грее просечна површина на станбен простор од 60 квадратни метри, годишно ќе потроши 1, 56 тони нафта која, при согорување, ќе произведе емисија од 0, 527 честички јаглероден диоксид во воздухот. Ако се грее на јаглен, ќе потроши од 2,2 до 4, 8 тони и ќе загади со СО2 со 0,38 честички во воздухот. Со огревна бука и даб со влажност од 15 отсто ќе зачади со 0,03 честички СО2, но ќе треба да купи дури осум тони дрва, додека со дрвен пелет ќе загади само со 0, 021 честички СО2, а ќе треба да купи само три тони пелети.

Количината на ПМ1 честичките што се ослободува при согорувањето на пелети кои се користат за греење во домаќинствата е седумнаесет пати помала од количината на овие честички што се ослободува од согорување на огревно дрво во стар котел на дрва. Бројките велат дека со модерен котел на пелети при согорување на пелети кога се ослободува еден мегаџул топлина се создаваат 6,2 милиграми ПМ1 честички, а со стар котел на дрва при согорување на дрва кога се ослободува еден мегаџул топлина се создава 106,1 милиграми ПМ1 честички.

Како што пишува Вест, ако килограм дрвени пелети чини 12.000 денари, годишно едно домаќинство ќе треба да издвои 45.000 денари за спомната квадратура. Условите и климата во Скопје каде што живее најголемиот број од населението, бараат годишен трошок од 500 евра, велат истражувањата од Министерството за животна средина до кои дојде “Вест”. Греењето на дрва останува една третина поевтино од греењето на дрвени пелети, но државата ќе стартува со субвенции преку намалување на ДДВ-то, како за специјализираните печки така и за набавка на пелетите.

За да се привлече населението кон овој високоефикасен и многу еколошки начин на затоплување на домовите, и да се намали цената за пелетите по килограм, следните 10 години ќе се намали вредноста на ДДВ за крајните корисници и на печките и на пелетите од 18% на 5 %.

Министерството за животна средина и просторно планирање, заедно со Министерството за здравство и со лекарите од јавното здравство, како и со Министерството за земјоделство, “Македонски шуми”, со министерствата за финансии, за транспорт и врски итн. утврдиле дека најмасовното загадување во воздухот, покрај од индустриските капацитети и од автомобилите, доаѓа токму од печките на дрва со кои се затоплуваат над 400 000 домаќинства во државава. Се оди на обезбедување на 20 отсто обновливи извори на енергија во вкупната потрошувачка, што е и обврска на РМ на патот кон ЕУ.

Еден од тие начини е спречување масовна сеча во шумите на обработливо дрво, кое во принцип е влажно, при согорување чади поради таа влага, и ја загадува животната средина.

Дрвото полека ќе се заменува со изработка на производи од остатоците на дрвото кое се сече, односно со дрвени пелети за домаќинствата. Тие се фабрички исушени дрва, без влага, без дим, без пепел, и се користат во специјални печки за пелети. Тие масовно се користат од Германија, Франција и Шведска, до Канада и САД, пишува Вест.

Таму се греат цели згради на овие дрвени суровини, па и големи површини земјоделски оранжерии. Бидејќи дрвените пелети се поскапи од огревното дрво, и во овие високоразвиени земји државата цело време субвенционира.
“Сè потекна од енормното загадување во воздухот. Комитетот за здравје и животна средина го направи истражувањето за ефектите од греењето со дрвени пелети. Ме прашувате како се добиваат и зошто, иако се остатоци од дрво, загадуваат многу помалку од дрвото. Се собираат остатоците (деланки, прачки,…) од дрвото што се сече, и се обработуваат. Дрвото во себе има состојка лигнин. Првин се сечат тие остатоци на парчиња. Потоа се ставаат да се исушат. Натаму, влегуваат во форми, калапи и под притисок од 200 степени се пресуваат и залепуваат. Излегуваат готови пелети. Лигнинот има улога на природно врзувачко средство. Тука е екологијата во користењето на дрвените пелети”, вели заменик-министерот за животна средина инженер Стево Темелковски.

Во истражувањето кое го направило Комитетот за здравје, јасно се означени што се предности, а што не од воведувањето на печките на пелети и системите на централно греење. Во предности не споменавме само дека печките одржуваат температура со вградени дигитални регулатори на просторот. Ефикасноста на старата печка на дрва е 55 % , додека на печките на пелети е над 90%.

Првпат за овој проект деновиве говореше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој рече дека е веќе зацртано тој да се применува од следната година и ги нагласи трите сегменти; поддршка за набавка на печки за кои државата ќе обезбеди субвенции до 70 проценти, по принципот старо за ново за најмногу 30.000 денари по домаќинство; намалување на вредноста на ДДВ за крајните корисници и на печките и на пелетите од 18% на 5 % во текот на следните 10 години. Истовремено, ќе следи и субвенционирање на инсталирање на системи за греење со радијатори на пелети во големи станбени објекти и други поголеми потрошувачи, како градинки, училишта, здравствени домови, јавни претпријатија кои се лоцираат во населени места што не се приклучени кон централното градско греење и кои моментално, во најголем дел, се затоплуваат со дрвна маса или со фосилни горива. Проектот ќе трае во следните три години и ќе бидат инвестирани најмалку 3 милиони евра годишно, а доколку има заинтересираност, ќе има и зголемување на предвидените средства.

Во Македонија, во неколку градови веќе се произведуваат пелети и печки. Според проектот, во производството на пелети ќе се вклучи и ЈП “Македонски шуми”, кое нема да воспостави монопол туку ќе ја пополнува празнината која ќе се појави, за да не се врши увоз на овие суровини за огрев.

Најчитани вести