Субвенционирано осигурување на добитокот од болести

До 31-ви август годинава фармерите може да поднесат барања во подрачната единица на Министерството за земјоделство за субвенционирано осигурување на добитокот.

Од оваа година сточарите за прв пат можат да поднесуваат барања за субвенционирање на осигурувањето на добитокот. Досега ова право го имаа само земјоделците кои произведуваа храна од растително потекло.

За осигурување во сточарството, осигурителнитe компании нудат пакети за угинување на домашните животни поради болест, несреќен случај и принудно колење.

Досега сточарите полисата ја плаќаа целосно.

Со измените на законот за земјоделство од оваа година имаат право да поднесуваат барања за субвенционирање.

Според податоците, земјоделците за осигурување на добитокот во просек плаќале по 12,5 милиони денари годишно , а со 60 проценти субвенции овој трошок се намалува и ќе ги чини 7,5 милиони денари.