Суд за воените злосторства на Косово во три земји

Судот кој што ќе ги истражува воените злосторства на Косово ќе има седиште во Брисел и канцеларија во Приштина, додека судењата, најверојатно ќе се одвиваат во Хаг, пишува денеска косовскиот весник „Трибуна“.

Весникот наведува дека канцеларијата во Приштина ќе има задача да комуницира со јавноста, додека судиите и обвинителите ќе бидат во Брисел.

Повикувајќи се на неименувани извори, „Трибуна“ пишува дека судењата во Хаг ќе им одговара на поголемиот број земји членки на Европската унија, бидејќи не поддржуваат создавање на суд поради сопствени внатрешни правни причини, додека во Холан дија не постојат такви пречки, бидејќи на нивната територија работат неколку меѓународни трибунали.

Американската амбасадорка во Приштина, Трејси Ен Џејкобсон, изјавил дека решение на прашањето за специјалниот суд за воени злосторства на Косово е многу блиско, но дека Приштина и ЕУ и понатаму ќе разговараат за тоа.

„Мислам дека решението треба да ги исполни барањата на обвинителството, меѓународната заедница и потребите на Косово. Мислам дека сме многу близу до решение на тоа прашање, но не сакам да зборувам вака рано за тоа бидејќи разговорите за тоа и понатаму се водат меѓу Косово и ЕУ“, рекла Џејкобсон.

Запрашана дали пред распуштање на Собранието на Косово треба евентуално да ја усвои одлуката за основање на Трибунал за воени злосторства, амбасадорката потсетила дека САД ја поддржале Специјалната единица за истрага која работи под мандат на ЕУ.