Балкан

Судански бунтовници заробиле шестмина бугарски хуманитарци

Судански бунтовници заробиле шестмина бугарски хуманитарци

Шестмина бугарски државјани биле зарбоени од бунтовници во Судан, јавуваат софиските медиуми, повикувајќи се на информација на министерството за внатрешни работи на Бугарија.

Според објавеното, шесте лица биле заробени откако хеликоптер, на бугарска компанија, во кој се превезувале принудно слетал во јужниот дел на Судан. Хеликоптерот извршшувал прелетувања по договор со Светската програма за храна на ООН. Леталото се движело на релација Румбек, Република Јужен Судан,– Хартум, Република Судан, а принудно слетало во градот Кадугли.

Шестмината биле зарбоени од групата „Sudan People’s Liberation Movement-North“ (SPLM-North), која се бори против владините сили во реонот.

Суданските власт испратиле воено летало, кое од голема висина го лоцирало хеликотперот и го снимило. Било констатирано дека тој нема видливи оштетувања.

Според менаџерот на бугарската авио-компанија во Судан, „бугарските државјани се на сигурно и се чувствуваат добро.

Претставници на ООН информирале дека стапиле во контакт со суданската бунтовничка група.

Бугарското министерство за надворешни работи соопштило дека е во постојан контакт со кабинетот на Генералниот секретар на ООН, со заменик генералниот секретар на ООН задолжен за хуманитарни прашања, и со други релевантни органи на светската органзиација, кои се ангажирани од бугарската влада и прават секакви можни напори за ослободување на зарбоените бугарски државјани.