Македонија,Крими хроника

Судар на три возила на булеварот Александар Македонски

Судар на три возила на булеварот Александар Македонски

Три возила се судриле денеска околу 13:50 часот на булеварот Александар Македонски.

Две од возилата се од марката Мерцедес, едното со штипски, другото со скопски регистарски таблички. Третото возило е од марката Ауди А6 со велешки таблички.

Во сообраќајката е причинета само материјална штета.