Судбината на Тијана причина за нов закон!?

Таткото на убиена Тијана Јуриќ ја предаде иницијативата за промена на законот за пронаоѓање на малолетници по пријава дека се исчезнати.

Промената на т.н Тијанин закон предвидува скратување на времето за барање на исчезнатите малолетници и наместо по 48 часа таа да започне веднаш по пријавата на родителите.

За законот да стапи во сила најнапред за него треба позитивно да се изјасни владата, а потоа да се изгласа и во Парламентот.

Јавноста во Србија е поделена по ова прашање. Иако сите сочуствуваат со трагедијата што ја снајде семејството Јуриќ сметаат дека родителите ќе креваат паника и за најмала ситница и ќе ја алармираат полицијата и кога нивното дете нема да се јави на мобилниот телефон или пак ќе излезе со пријателите во кафуле.