Магазин

Судбински средби според хороскопот за 2015

Судбински средби според хороскопот за 2015

Некои хороскопски знаци можат да очекуваат судбинска средба со личноста, која некогаш многу им значела.

Овен
Бидејќи сте упорни и дрски, не се откажувате додека не го “изморите” противникот, односно оној кој ви го фатило окото. Младите дами можат да се најдат на мета на додворување од страна на водолија или лав, а посилната половина може да се допадне на некој близнак или пак стрелец кој не го држи место.

Бик
На вашиот шарм и упорност никој не може да му одолее, секогаш се трудите да оставите добар впечаток на оној кој ви се допаѓа. Вашиот заштитнички став ќе ги импонира раковите, а девиците ќе бидат воодушевени од сигурноста со која зрачите. Ако сте дама, тешко ќе може да ви одолее некој упорен јарц или еротична риба.

Близнаци
Вие сте весели, духовити и забавни, и во ваше друштво никогаш не е досадно, што во првиот месец од Новата Година може да и одговара на некоја шармантна вага или пак таинствена водолија, особено ако сте жена. Машките претставници на знакот и без најава можат да привлечат некој лав или овен.

Рак
Романтични сте и никогаш не ви е доста од нежности, и сето ова и го давате до знаење и на оној кој ви се допаѓа. Една магнетична скорпија или сензуална риба, умее да привлече големо внимание, особено ако сте припадничка на нежниот пол. Машките ракови треба да обрнат внимание на биковите и девиците кои веќе ги познаваат.

Лав
Страствени сте и топло,честопати паѓате на надворешниот сјај кај некоја личност,но знаете да препознаете и топли емоции, особено ако тие доаѓаат од страна на страствениот овен или романтичната вага. Ако сте маж, нема да можете да одолеете на духовитоста на близнаците или спонтаната лежерност на стрелците.

Девица
На вашата практична, перфекционистичка природа,најмногу ќе и одговара опуштање во друштво на весели личности кои знаат да уживаат, а таков во Новата Година може да биде еден бик, но може да ве импонира и доминантниот јарец. Машките претставници на знакот најверојатно ќе ги привлече некоја скорпија или рак.

Вага
Важите за еден од најшармантните знаци, поради што спротивниот пол едноставно се лепи за вас. Една водолија или пак некој духовит близнак во јануари би можел да го привлече вашето внимание. Ако сте маж, нема да ви биде тешко да заинтересирате некоја дама која во хороскоп е стрелец или лав.

Скорпија
Порадо вашата харизматичност и таинственост, вие никогаш нема да можете да останете незабележани и секогаш зрачите со сексапил. Во Новата Година можете да влезете во врска со некој рак или риби. На дамите скорпии може да им се допадне некоја срамежлива девица или воздржан јарец.

Стрелец
Спонтани сте и природни, весели и опуштени, вистински магнет за некој великодушен лав или откачена водолија која ретко кога може да му одолее на вашиот неодолив шарм, Машките претставници на вашиот знак, во Новата Година може да им се допадне некој страствен овен или тактична вага.

Јарец
Со вашиот знак управува Сатурн кој после 28 години влезе во вашето астролошко поле на тајните и подсвеста, па можете да влезете во паралелна или тајна врска со девица или скорпија. Ако сте дана, нема да останете имуни на додворувањето на една мистична риба или лежерен бик.

Водолија
Уживате да ја шокирате околината бо се, па зошто во љубовта да направите исклучок? Во јануари може да ве заинтересира некоја вага на која ќе и се допаѓа вашиот немирен дух или близнак на кој нема да му пречи што постојано менувате планови. Жените водолии можат да запознаат некој стрелец или овен.

Риби
Вашата сензуалност и еротичност не може да остане незабележан, каде и да се појавите, особено ако сте дама. Една таинствена скорпија или упорен рак во јануари може да ве освоу. Ако сте маж, вие можете да освоите некој јарец или бик.