Судењето за Пуч одложено за септември

Судењето за Пуч одложено за септември

Судењето за случајот Пуч е одложено за 7 септември, поради отсуството на лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е еден од обвинетите. Адвокатите на одбраната побараа судењето да биде одложено на подолг рок, бидејќи има постигнато политички договор случајот да го води специјален обвинител, но судијката Љубинка Башеска посочи дека не ја интересираат политичките околности, бидејќи за случајот Пуч сеуште има луѓе во притвор и затоа бараше судењето да биде закажано на пократок рок.

Судиката констатираше дека Заев е неоправдано отсутен и дека нема никакви сознанија за тоа зошто не се појавил пред Судот.

Заев не ја признава одлуката на судот за „Пуч“
Заев не ја признава одлуката на судот за „Пуч“
Заев неодамна изјави дека нема да се појавува на судењето за Пуч бидејќи не го признавал македонското судство.

Во случајот Пуч обвинети се поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие се товарат за шпионажа и насилство врз највисоките државни органи.

Поврзани вести:

ВМРО – ДПМНЕ: Заев бара обвинител кој ќе го спаси од случајот Пуч

Доказите за неговата вмешаност во случајот Пуч, како и во другите финансиски криминали се цврсти и непобитни. Оттука му останува само со манипулации и сплеткарења да создава атмосфера дека тој е жртва, велат од ВМРО – ДПМНЕ.