Македонија

Денеска во скопскиот суд Судење за случајот „Триста“, за набавка на возила во МВР

Судење за случајот „Триста“, за набавка на возила во МВР

Првото  судско  рочиште за предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство е закажано за денеска.

Случајот „Триста“ на СЈО се однесува на набавка на 300 возила за потребите на министерството за внатрешни работи. Според обвинението со оваа набавка бил оштетен буџетот на државата за сума од 453.570 евра. Обвинет е Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер во министерството за внатрешни работи.

Специјалното јавно обвинителство тврди дека Поповски тендерот за купување, сервисирање и за одржување на возилата им го доделил на фирми кои немале најевтина понуда.

Во овој случај судот ги прифати телефонските снимки од прислушуваните разговори како докази.