Судењето за Латас одложено за 7 декември

Судењето за предметот „Тотал“ на СЈО во кој за даночно затајување е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас, е одложено за 7 декември годинава.

Судијката констатира дека не се испочитувани законските услови за одржување расправа бидејќи не се определени законски затапници за фирмите „Тотал маркетинг“ и „Медиамакс“, а ново рочиштен закажа за четврток.

Управителот на „Тотал Меди Центар“ Петар Вељановски бил уредно поканет, но се опправдал дека не може да дојде бидејќи имал работни обврски во Скопје, а доставата ја примил неговиот татко кој не го информирал на време.

Одбраната денеска забележа дека дел од доказите на СЈО се поднесени на недозволен начин.

Предметот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје.
Осомничениот Драган Павловиќ-Латас се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.