четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

Судењето за „Пуч“ одложено на неопределно време

Судското рочиште за случајот „Пуч“ денеска повторно е одложено на неопределено време, бидејќи двајца нови поротници немале безбедносни сертификати.

пуч

Поврзани вести

На денешното рочиште во Кривичниот суд дојдоа лидерот на СДСМ Зоран Заев кој е обвинет во овој случај и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.  Специјалната обвинителка Јанева побара сите да ги покажат безбедносните сертификати, и и забележа на судијката дека судењето непотребно се одложува цела година. Адвокатот Филип Медарски, пак, праша дали на денешното рочиште бил повикан и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски кој е сведок.

Рочиштето за „Пуч“ беше закажано за денеска откако беше одложено на 16 септември, бидејќи судечкиот совет не беше комплетен, односно еден од судиите поротници не можел да присуствува поради здравствени причини.

Предметот „Пуч“ во којшто е четвртообвинет е лидерот на СДСМ Зоран Заев го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а потоа го презеде Специјалното јавно обвинителство, бидејќи е поврзан со незаконското прислушување.

Првообвинет е Зоран Верушевски, а обвинети се и неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер во општина Струмица. Тие се обвинети за „шпионажа“ и „насилство кон државни функционери“.

Најчитани вести