Судиите ќе разменуваат искуства за граѓански и трговски спорови

Судии од граѓанските и трговските оддели денеска и утре во Скопје  ќе присуствуваат на семинарот за „Меѓународна соработка во граѓански и трговски спорови“.

Семинарот е организиран од Академијата за судии и јавни обвинители, во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (TAIEX) на Европската комисија на ЕУ.

Националниот систем на судска соработка во граѓанските и трговските спорови ќе го презентира Лидија Тасева, судија на Врховен суд на Република Македонија, додека искуствата на ЕУ во рамките на темата на семинарот ќе ги презентираат Ѓуро Сеса, судија на Врховен суд на Република Хрватска,  Нина Бетето, судија на Врховен суд на Република Словенија, Мариа Луиса Мартин Моралес, виш судија од Шпанија и Пим Албертс, советник во Одделот за судски систем при Министерство за правда на Холандија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.