Судија додели погрешен црвен картон – играчот го враќаа од соблекувална

Судија додели црвен картон по грешка - го враќаа фудбалерот од соблекувална

На првенствениот натпревар од 29-то коло во бразилскиото фудбалско првенство помеѓу Чапекоенсе и Палмеирас се случи досега не видена ситуација.

При еден пробив на домашниот фудбалер Лео Барбио врз него стартуваше играчот на Палмеирас, Ежидио, но сосема исправно, играјќи прво на топката. Со оглед на брзината на целата акција, главниот судија доби впечаток дека Ежидио непрописно стартувал, па му додели директен црвен картон.

Сепак, нешто подоцна тој се консултираше со својот прв помошник кој му ја објасни ситуацијата, па главниот арбитар ја промени одлуката.

Да биде чудото поголемо, Ежидио веќе беше заминат во соблекувална, па го бараа оттаму за да го продолжи натпреварот.