Судијката Кацарска ќе им суди на обвинетите за нaстаните од 27-ми април

Судијката Добрила Кацарска ќе го суди предметот за триесетмината обвинети за настаните во Собранието од 27 април.

Од судот за МИА потврдија дека предметот е распределен преку АКМИС-от и оти датумот за судењето ќе се знае наредните денови.

Кривичниот суд во петокот соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на Република Макеоднија на 27 април минатата година.

Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело. Меѓу обвинетите се поранешениот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратеници..

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.