Свет

Судир меѓу САД и Русија околу јогурт?!

Судир меѓу САД и Русија околу јогурт?!

Пратката од јогуртот „Чобани“, кој е официјален спонзор на олимпискиот тим на САД за Сочи, задржана е на аеродромот во Њу Џерси, бидејќи Русите не ја одобриле.

Сенеторот на Њујорк, Чарлс Шумер ја повика руската влада да дозволи испорака на јогурт на американските спортисти, додека Министерството за земјоделство бараше од Русите, како валидна да ја прифатат американската декларација за безбедност.

Но, надлежните во САД се уште не добиле одговор од Русија, па ниту повикот на рускиот амбасадор не вродил со плод. Јогуртот кој е наменет исклучиво за американскиот тим во Сочи, и понатаму е заробен на аеродромот.