Судир меѓу шлепер и два „Голфа“, повредена Германка

Една жена од Германија повредена во сообраќајка која се случила вчера на магистралниот пат Велес – Скопје кај мостот Отовица.

До сообраќајката дошло кога до судир меѓу шлепер „Мерцедес“ со скопски таблички и два автомобили „Голф“, едниот со скопски, другиот со охридски регистерски таблички.

Во несреќата полесно повредена е 55 годишната Германка Г.Ф.Б., со привремен престој во Скопје, која го возела охридскиот „Голф“. Таа била пренесена во Медицинскиот центар во Велес каде по укажаната лекарска помош е пуштена на домашно лекување.

Возачот на шлеперот, скопјанецот Љ.П. (53) и 34 годишната Б.С. од Скопје која управувала со другиот „Голф“ поминале без повреди.

Сообраќајот на овој магистрален пат по несреќата беше во прекин.