Судир меѓу студентите и полицијата, запален факултет во Каиро

Египетските студенти кои го поддржуваат забранетото движење на Муслиманските браќа се судрија денеска со полицијата, при што ја запалија зградата на Универзитетот Ал-Азар во Каиро, известуваат медиумите.

Пожарот ги зафатил двата ката на зградата на Економскиот факултет, но пожарникарите успеале да го изгаснат, пренесува АФП.

Студентскиот активист Шаим Мунир член на исламистичкото движење  „Студентите против државниот удар“ изјави дека во судирот со полицијата е уапесен и еден од приврзаниците на Муслиманските браќа, движење кое египетските власти минатата недела го сврстија на списокот на терористички организации.

Дневникот Ал Ахрам извести дека судирите меѓу студентите и полицијата настанале откако безбедносните сили фрлиле солзавец за да ги растераат студентите кои се собрале за да ги спречат колегите да се влезат во зградата на факултетот поради полагање на испити. Демонстрантите фрлале камења на полицијата и запалиле гуми.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.