Судир меѓу имигрантите во Кале, 16 повредени

Имигранти од Еритреја и Етиопија вооружени со камења и стапови учествувале во масовна тепачка која во саботата избувнала во францускиот северен пристанишен град Кале, при што 16 лица се повредни, од кои едно потешко пренесуваат француските медиуми.

„Вкупно 16 лица се хоспитализирани, 15 поради полесни поведни и едно поради потешка повреда на главата“, изјавил локалниот функционер Етјен Депланк. Приведени се десетина имигранти, главно од Еритреја.

Кавгата избувнала уште во петокот вечерта во областа каде што се делала храна, кога биле полесно повредени девет луѓе.

Во близина на Кале се наоѓаше кампот за имигранти и бегалци познат како „Џунгла“ кој ланскиот октомври го затворија француските власти. Во времето кога беше најмногу населен, во него престојуваа повеќе од 10.000 лица.

Во моментов на тоа место се наоѓаат меѓу 400 и 600 имигранти кои се надеваат дека ќе добијат можноста да го минат каналот Ламанш и да стасаат во Велика Британија.