Судир на автобус, пикап и автомобил, еден тешко повреден

Несреќата се случила помеѓу автомобил хонда акорд, со скопски регистарски ознаки, управуван од М.К. (47) од Скопје, автобус мерцедес, со струшки регистарски ознаки, управуван од С.И. (49) од с.Долно Липовиќ и пикап партнер, со светиниколски регистарски ознаки, управуван од С.М. (59) од Свети Николе.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот М.К., кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата „Аџибадем Систина“-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Велес.