Судир на автомобил и автобус, едно лице загинато

Едно лице загина во тешка сообраќајка несреќа која утринава се случила околу 5:50 часот на патот меѓу селата Чардаклија и Балван.

Според информации од полицијата, несреќата се случила при судир на автомобил „Форд Фиеста“ и автобус управуван од 56 годишниот Т.П., при што загинало едно лице кое било во автомобилот.

Детали за идентитетот на загинатиот ќе бидат соопштени опо завршување на увидот кој е во тек. Од полицијата информираат дека од 6 часот утринава сообраќајот на патот Штип-Кочани е во прекин,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.