Судир на автомобили и автобус кај Качанички пат

Aвтомобили од марката „голф“ и „пасат“ со скопски регистарски таблички вчера се судрија со автобус со странски регистарски таблички во близина на Качанички пат, пренесува „Република“.

Како што информира МВР повредени се две лица кои се возеле во „голфот“ и истите се пренесени во Градската болница во Скопје.

Се утврдува како дошло до несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.