Судир во СДСМ – Десковска против Шекеринска

Дали е на повидок нов раскол на Бихаќка? Ова прашање се поставува во јавноста откако Рената Дескоска, член на Извршниот Одбор на СДСМ и заменик претседател на Собранието вчера одби да одговори на повикот на координаторот на СДСМ, Горан Сугарески да влезе во салата и да го поддржи договорот што го склопи нејзината потпретседателка, Радмила Шекеринска.

Вчера во рамки на 113. седница Собранието пратениците ги изгласаа пакетот законски измени договорени помеѓу претставниците на партиите потписнички на Договорот од Пржино во насока на подготовка и оддржување на предвремени парламентарни избори.

Сепак Дескоска одби да присуствува на седницата и да гласа за измените и дополнувања на Законот за внатрешни работи, на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Законот за кривична постапка, на Изборниот законик и на Законот за Влада, сите по скратена постапка.

Со овој чекор Дескоска се сврте против Шекеринска и директно го оспори кредибилитетот и капацитетот на заменик- претседателката на СДСМ.

Ваквиот судир во редовите на СДСМ доаѓа откако изминатиов период договорот на Шекеринска претрпе силни критики од низа опозициски поддржувачи кои отворено застанаа против заменичката на Заев и упатија обинувања на нејзина сметка бидејќи сметаат дека договорот е поразителен за опозицијата.

Медиумите веднаш по постигнатиот договор објавија низа коментари на социјалните мрежи со кои што го искажаа сопственото незадоволство од постигнатиот договор.

dzeljo

zekoli-fb1-640x927 zekoli-fb-640x763

vankovska-fb-640x898 (1)

sarakinski-fb-640x666

ivor--fb