Судир во Вашингтон во пресрет на денешната инаугурација на Трамп

Стотици демонстранти во Вашингтон се судрија со симпатизерите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, ноќта во пресрет на неговата инаугурација, јавуваат американските медиуми.

Демонстрантите се собраа пред Националниот Прес клуб, каде се одржуваше балот на приврзаниците на Трамп, под назив „DeploraBall“.

Називот на собирот, во суштина, е игра на зборови по повод една забелешка на Хилари Клинтон во текот на претседателската кампања, кога приврзаниците на Трамп ги нарече „шака јад“ (basket оf deplorables”).

Демонстрантите гласно негодуваа секој пат кога некој, во  одело, сако или фустан, ќе влезеше или излезеше од балот.

Тие гаѓаа едно лице кое им мафташе со знаменце за поддршка на Трамп, и го избркаа до блискиот Варнер Театар.

Тие таму наидоа на водителите на телевизијата „Фокс њуз“, Шон Хенити и Хералдо Ривера, кои чекаа да влезат на друг настан.

Хенити на провокаторите им возврати со крената тупаница, додека Ривера со насмевка влезе во театарот, наведуваат американските медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.