Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Турција

Турската полиција употреби солзавец за растерување на толпата демонстранти во инстанбулската населба Окмејдан кои фрлале камења и молотови коктели.

При судирите од полицијата информираат дека едно лице е посериозно повредено. Оттаму додаваат дека засега не е позната причината за судирите.