Свет

Судири меѓу граѓаните и полицијата во Полска, осуммина повредени

Судири меѓу граѓаните и полицијата во Полска, осуммина повредени

Осум лица се повредени, а 21 се уапсени во судирите меѓу група граѓани и полицијата во градот Легоново, во близина на Варшава, соопшти денеска полската полиција, објави МИА.

Стотици луѓе во неделата вечерта и синоќа се собраа пред полициската станица во Легоново, за да оддадат почит на 19-годишно момче, за чија смрт граѓаните ја обвинуваат полицијата.

Тинејџерот починал во болница откако се обидел да голтне пакетче со наркотик бидејќи бил сопрен од полициска патрола.

Полицијата соопшти дека синоќа се приведени 13 луѓе, а еден полицаец е повреден од шише. Во неделата вечерта седум луѓе биле повредени, а приведени биле осуммина.