Судири меѓу бегалците и мигрантите во Пиреја, седум лица повредени

Седуммина лица се повредени во вчерашните судири помеѓу сириските и авганистанските бегалци и мигрантите на пристаништето во Пиреја, Грција, јавува Катимерини.

Судирите завршиле по интервенција на полицијата.

Околу 6.000 бегалци и мигранти живеат во привремениот камп во Пиреја. Во меѓувреме, околу 2.000 бегалци и мигранти земаа учество во протестите во Атина пред Европската Комисија.

Повеќе за ова на следниот линк.