Судири помеѓу унгарската полиција и мигранти

Судири помеѓу унгарската полиција и мигранти на границата со Србија. Унгарската полиција денес фрлила солзавец на група од околу 200 мигранти кои што се обиделе да го напуштата прифатниот центар за бегалци во местото Реска, во близина на српската граница.

Портпаролот на полицијата Саболч Санти изјаил дека мигрантите одбивале да дадат отпечатоци од прстите и дека полицијата се обидува „да ја смири ситуацијата, но дека тие и понатаму викаат“, пренесува Танјуг повикувајќи се на АФП.

Унгарија е соочена со напливот на мигранти, кои што ја преминуваат јужната граница. На оваа гранична линија земјата одлучи да изгради ограда со цел да се спротивстави на најголемата бегалска криза од времето на Втората светска војна.

Унгарија ќе ја вклучи војската за справување со мигрантите

Инаку, денешните судири помеѓу унгарската полиција и мигранти, се случуваат во време кога унгарската Влада објави дека разгледува можност да ја употреби армијата за подобрување на безбедноста на јужната граница на државата каде илјадници имигранти се обидуваат да влезат од Србија на територијата на Европската унија.

Унгарија ќе ја вклучи војската за справување со мигрантите
Унгарија ќе ја вклучи војската за справување со мигрантите

Владиниот портпарол Золтан Ковач изјави дека прашањето за распоредување армиски единици на границата било расправано на седница на Кабинетот и советот за национална безбедност, а одлуката за тоа може да донесе парламентот кој идната седница почнува со работа по едномесечниот одмор.

Инаку од почетокот на неделата во Унгарија преку границата со Србија влегоа над 2.000 лица.