Судири во Сирија, 62 мртви

Најмалку 62 луѓе, воглавном борци, загинале во судирите на сириската војска и припадниците на екстремистичката исламска држава на северот на земјата.

Борците не ИСИЛ вчера почнале напади на провинците Рака и Алеп на северот и Хасака на североистокот на Сирија, навела оваа организација која се потпира на широка мрежа на цивилни, лекарски и воени извори.

Ова е прв судир од вака големи размери меѓу екстремистичките групи и режимските сили. Сириските владини сили се борат против бунтовниците кои три години се обидуваа да го соборат претседателот Башар Ал Асад.

ИСИЛ кон крајот на минатиот месец објави дека воспоставува исламски калифат на територијата на Сирија и Ирак каде пто контролира големи делови од територијата.

Во провинцијата Хасака Најмалку 21 екстремисти се убиени вчера во еден самоубиствен напад,.

Судирот во Сирија станува се покомплексен со нови расцепкувања на фронтовите. Исламската ржава се бори против режимските сили, сириските бунтовници, ривалските екстремисти од Фронтот Нусра, како и против Курдите кои сакаат авотномија.

ОН соопштија дека хуманитарен конвој пристигнал на подрачјето под контрола на сириските бунтовници без претходно одобрение од Дамаск. Советото за безбедност на ОН пред десет дена усвои резолуција за испорака на хуманитарна помош во подрачјата кои ги контролираар бунтовниците, без согласност на властите во Дамаск бидејќи не ја почитувале сличната резолуција донесена во февруари.

Резолуцијата предвидува влез на хуманитарна помош преку границата на Сирија со Турција, Ирак и Јордан.

ОН проценуваат дека хуманитарна помош им е потребна на повеќе од 10 милиони сиријци, а на почетокот на судирите во 2011 година имало еден милион хуманитарно загрозени.

Во тригодишниот судир во Сирија се убиени повеќе од 172.000 луѓе.