Судири во Триполи, 400 затвореници избегале од затвор

Либиската влада, признаена од ОН, прогласи вонредна состојба во Триполи и неговата околина поради нападите во кои загинаа 39 лица, вклучувајќи и цивили. Околу 400 затвореници избегаа од затвор во престолнината на Либија, додека во околината на Триполи беснаеат судири меѓу вооружените ривалски групи.

Затворениците насилно ја отвориле вратата на затворот „Аин Зара“, а стражарите не биле во можност да ги запрат, изјави неименуван либиски официјален претставник, пренесува „Ројтерс“.

Затворот се наоѓа во јужниот дел на Триполи, област во која изминатава недела се водат жестоки битки меѓу ривалските групи. За да се стави крај на судирите, мисијата на ОН во Либија ги повика „разните релевантни партии“ да дојдат утре на состанок за „дијалог за итна безбедност“.

Министерството за здравство објави дека 39 лиоца загинаа, а 96 лица се повредени, пренсува АП.

Борбите почна минатата недела меѓу вооружени групи од Триполи со други вооружени групи од едно место јужно од либиската престолнина.

Либија од почетокот на бунтот во 2011 година, кога беше убиен долгогодишен лидер на земјата, Моамер Гадафи падна во хаос. Од тогаш, земјата ја владеат две спротивставени влади, едната со седиште во Триполи, а другата во источниот дел на Либија, а двете имаат поддршка од голем број на вооружени групи кои ја имаат вистинска моќ на теренот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.