Свет

Судири во Тунис, повредени 45 полицајци и уапсени 206 лица

Судири во Тунис, повредени 45 полицајци и уапсени 206 лица

На протестите во повеќе градови ширум Тунис избија судири, при што се повредени 45 полицајци, додека 206 лица биле уапсени, соопштија денеска официјалните претставници.

Тунискиот министер за внатрешни работи, Халифа Чибани изјави дека за време на вчерашните судири биле оштетени и 45 полициски возила.

Според извештаите, повеќе од 200 луѓе биле уапсени за крадење и уништување на државниот имот.

За време на антивладините протести во главниот град Тунис, кога синоќа демонстрантите ја нападнаа продавницата „Карфур“, полицијата  фрли солзавец на насобраните насилни демонстранти.

Според претходните полициски соопштенија, во протестите загина најмалку едно лице.

Демонстрации се одржуваат во знак на протест поради поскапување и зголемување на даноците.