Судот донесе одлука за „Диво Насеље“: Вкупно 755 години затвор

Седум доживотни казни затвор, 13 казни по 40 години, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор и четири ослободителни пресуди, одреди Кривичниот суд за обвинетите во случајот „Диво насеље“.

Од вкупниот број на 37 обвинети, 33 се прогласени за виновни, а четворица добија ослободителни пресуди.

Обвинетите кога се читаше пресудата не беа во судницата, туку ја слушаа само новинарите, адвокатите и роднините на обивнетите. Тие беа изнесени од судництата, бидејќи извикуваа  „УЧК, УЧК“,„Овде никогаш нема да биде мирно, пазете се по животот“ и ја пееја албанската химна.