Судот и го одзеле правото на мајчинство бидејќи спиела со децата во ист кревет

мајка

Социјалните работници ја предупредувала мајката веќе подолго време да не спие со нив во ист кревет со своите два сина, двете на возраст од четири години, бидејќи несакајќи би можела да ги повреди, а кај нив биле приметени необјасливи модринки по нивните тела.

Бидјеќи мајката не го послушала советот била покрената тужба, а судијата Питер Грин рекол дека кај децата, кои денеска имаат четири години, биле приметени модринки на нозете кои најверојатно настанале ненамерно, поради „грубо“ постапување на родителот.

Тој додава дека иако постоеле докази дека родителите ги сакале своите деца и дека намерно не им наштетиле, „мајката секогаш постапува како да таа знае најдобро“.

Социјалните работници тврделе дека мајката не го послушала советот за децата да не спијат во нејзиниот кревет, но и дека ги одбивала сите совети кои и биле дадени во врска со исхраната на децата.

Судијата Грин пресудил дека ваквата одлука е единствена опција за овој случај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.