Судот му го одзема пасошот на Шуклев

Во Основниот суд Скопје по сослушувањето на професорот осомничен за примање на мито за оценки, а според Обвинителството и најверојатно сомнежи за барање на сексуални услуги од студенти, попладнево му беше одземен пасошот на барање на ОЈО.

-Тој потоа веднаш се упатил кон својот автомобил кој го чекал пред главниот влез на Основниот Суд Скопје 1, но откако забележале дека има новинари веднаш избегале позади судот, за да не бидат снимени во џипот БМВ Х5 вреден речиси 100.000 евра, несвојствен за човек со професорска плата, пишува Инфомакс.

Инаку, во текот на вчерашниот ден полицијата приведе петмина професори осомничени за корупција, а останатите тројца добиле покана за присуство на информативен разговор.