понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Судот одлучи: Автомобилската компанија не е виновна за смртта на Пол Вокер

Судот донесе одлука: Автомобилскиот гигант „Порше“ не е виновен за смртта на Пол Вокер. Познатиот 40-годишен актер беше совозач во автомобилот Порше Карера ГТ заедно неговиот пријател Роџер Родас кога автомобилот загубил контрола и удри во дрво.

paul-walker

Поврзани вести

Судот донесе одлука: Автомобилскиот гигант „Порше“ не е виновен за смртта на Пол Вокер. Познатиот 40-годишен актер беше совозач во автомобилот Порше Карера ГТ заедно неговиот пријател Роџер Родас кога автомобилот загубил контрола и удри во дрво.

Несреќата се случи во Валенсија, Калифорнија во ноември 2013-тата.

Вдовицата на Роџер, Кристин Родас поднесе тужба во која тврдеше дека нејзиниот сопруг починал поради тоа што на неговиот автомобил му недостасувале неколку важни безбедносни елементи.

Како и да е судијата Филип Гутиерез ја одби тужбата и ја исклучи можноста дека постојат основани докази за тврдењата на Кристин.

Сепак „Порше“ и понатаму се соочува со уште две тужби од страна на ќерката на Пол Вокер, Медоу и неговиот татко Пол во Врховниот суд во Лос Анџелес.

Во изјавата, адвокатите на Медоу тврдат дека последните случувања нема да влијаат врз нејзината тужба.

Адвокатот на Медоу, Џеф Милам вели за И-Њуз:

Прашањата за двата случаи се мошне различни. Федералната тужба беше поднесена во име на Роџер Родас, кој беше возачот на автомобилот и загина веднаш по несреќата. Таткото на Медоу, Пол Вокер беше совозач. Тој ја преживеал несреќата но беше заглавен и изгоре поради дефекти на возилото, вели тој.

Во меѓувреме адвокатот  а Кристин, Марк Герагос вели дека ќе поднесе жалба на пресудата. Автомобилската компанија ги отфрла можностите за грешки во дизјанот, во изработката или во маркетингот на Карера ГТ.

Најчитани вести